Аудио

18 јуни, 2016

Стигнаа ремиксите на новиот хит од Келвин Харис и Ријана

Само еден ден откако беше објавен и официјалниот видео запис за темата „This Is What You Came For“ од Келвин Харис и Ријана, веќе стигнаа и неколку ремикс верзии од овој хит. Објавена како сингл на 29 април, оваа втора соработка на шкотскиот диџеј и продуцент со убавицата од Барбадос веднаш ги освои врвовите на топ листите во 40 земји.

Трите ремикси ги направија Дилон Френсис, Грендтефт и Рихеб со Хенри Фонг, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑