Аудио

13 март, 2018

Стигнаа првите преработки на евровизиската „Lost And Found“ на „Ај кју“

Најстариот фестивал во Европа го следат милиони обожаватели од целиот свет, а песните што се натпреваруваат за титулата Песна на Евровизија честопати добиваат и по неколку интересни преработки. Веднаш по објавувањето на евровизиската „Lost And Found“ на „Ај кју“, љубителите на фестивалот имаа само позитивни коментари за целокупниот производ, па некои си снимија и свои верзии на песната.

Првиот од нив е долгогодишен следбеник на овој настан и секоја година ги препејува сите песни што се дел од „Евровизија“, придружувајќи се себеси на гитара. Станува збор за британскиот уличен музичар Дени МекЕвој од Ливерпул, чија верзија на „Lost And Found“ можете да ја слушнете во продолжение.

 

Втората преработка е, всушност, машка верзија на песната, каде што задржани се оригиналната музика и продукција, но вокалниот дел е отпеан од момче. Не е познато за кого станува збор, но судејќи по името на самиот канал, овој евровизиски љубител ги заменува оригиналните вокали со спротивниот пол, односно од женските прави машки верзии, а како звучи нашата „Lost And Found“ отпеана од машки вокал слушнете во продолжение. Уживајте!

 

Третата верзија на која наидовме на Јутјуб е онаа на 23-годишната музичарка од Естонија, Ренејт Салусте, која е отсвирена само на пијано.

 

И за крај, за сите што сакате да се распеете, повелете и караоке-верзија на „Lost And Found“!

И.Ј.



Врати се горе ↑