Свет MTV-EMA-2013

19 септември, 2013

Стигнаа номинациите за Европските Музички Награди на MTV

По минатогодишниот спектакл во Франкфурт, овогодинешното доделување на Европските Музички Награди на музичкиот канал MTV ќе се одржи на 10-ти ноември во холандската престолнина Амстердам. Деновиве беа објавени и номинациите во сите категории, а тоа го направи познатиот актер и комичар Вил Ферел, но во улога на Рон Бургунди – познатиот лик од филмот „The Anchorman“, што всушност претставува и најава за второто продолжение на оваа урнебесна комедија.

Не би требало да нè изненади фактот што најголем број номинации доби Џастин Тимберлејк, кој позади себе веќе има доста успешна година во поглед на настапи, синглови, албуми, награди и признанија, а номиниран е во следните пет категории: Најдобар машки артист, Најдобар настап во живо, Најдобар американски изведувач, Најдобар видео запис и Најдобар изглед. Не заостануваат ни Меклмор и Рајан Луис, кои исто така се номинирани во следните 5 категории: Најдобар нов изведувач, Најдобар хип-хоп, Најдобра песна и Најдобар американски изведувач.

По четири номинации добија Лејди Гага, Мајли Сајрус, Робин Тик и Џастин Бибер, по три номинации добија Уан Дајрекшн, Дафт Панк, Бруно Марс, Грин Деј, 30 секндс ту Марс, Ајкона Поп и Тејлор Свифт, додека Ријана, Еминем, Кејти Пери, Џеј Зи, Имеџин Дрегонс, Парамор и Дрејк добија по 2 номинации.

Гласањето е веќе отворено, а Вие можете да го дадете својот глас на mtvema.com

 



Врати се горе ↑