6 март, 2017

Стигна видеото за „Убавицата и ѕверот“ од Аријана Гранде и Џон Леџенд

Се ближи премиерата на новиот филм за „Убавицата и ѕверот“, а како што е познато, за оваа втора Дизниева адаптација на популарната француска бајка, насловната тема ја препеаја Аријана Гранде и Џон Леџенд. Во режија на Дејв Мејерс, магичната екранизација содржи сцени и од самиот филм, а музичарите ја изведуваат темата во вистинска бајковита атмосфера. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

„Убавицата и ѕверот“, во режија на Бил Кондон, ќе пристигне во кино салите ширум светот на 17 март, а саундтрак изданието ќе биде објавено една недела порано. Главните улоги ги играат Ема Вотсон и Ден Стивенс, а ќе ги видиме/слушнеме Ема Томпсон како г-ѓа Потс, Јуан Мекрегор како Лумиер, Иан Мекелен како Когсворт и други.



Врати се горе ↑