14 јануари, 2016

Стигна видеото за „Крокодилите“ на Енш

Миленко Вујошевиќ, попознат како Енш, на свој начин придонесе за прославата на 35. роденден на групата „Електрични оргазам“, со тоа што направи преработка на нивниот култен хит Крокодили долазе“, а неговата верзија, која имавме можност да ја слушнеме кон крајот на минатата година, штотуку доби и свое видео издание.

Екранизацијата на „Крокодилите“ се снимаше во „андерграунд“ студио, а ова е и прв видео запис во којшто е претставен Коста Јовановиќ (клавијатура и перкусии), инаку нов член на проектот на Вујошевиќ. Со ова освежување, Енш веќе станува дует со двојна доза на позитивни вибрации, кои се и главната причина што музичарот во изминатава година го освои клупскиот простор ширум регионот, но и целиот свет, бидејќи два дена настапуваше на распродадениот ирски фестивал „Електрик пикник“.

Еншовата верзија на „Крокодили долазе“ достапна е за бесплатно преземање од неговата  официјална страна на Бендкемп, а нејзиниот видео запис Ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑