26 ноември, 2015

Стигна видеото за деби синглот на Флер Ист

Откако заврши на вицешампионската позиција на минатогодишниот британски „Х фактор“, мултиталентираната Флер Ист уште повеќе ја освои публиката со нејзиниот деби сингл „Sax“, чија премиерна изведба токму на сцената на „Х фактор“ ги засени актуелните натпреварувачи во тековната сезона. „Sax“ денеска конечно доби и официјален видео запис, во кој пејачката уште еднаш плени со енергичност како Тина Тарнер и танцувачки способности како Мајкл Џексон.

Дека на Флер ѝ претстои успешна кариера докажува и фактот што со новиот сингл дебитираше на 3. место на британската сингл листа, а веројатно ќе се искачеше и на самиот врв да не беа Адел и Џастин Бибер, кој во моментов има дури 3 песни меѓу првите 5… Но, ова е само почеток за 28-годишната Ист, чиј деби албум насловен „Love, Sax and Flashbacks“ ќе пристигне на 4 декември, а се надеваме дека изобилува со уште многу вакви хитови.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑