2 јуни, 2015

Стигна видео записот за „Пеперутките“ на Сара Мејс

Она што се најавуваше пред извесен период од „Горила продукција“, вчера беше официјално објавено. Сара Мејс го претстави својот нов видео запис за песната „Пеперутки“, која ѝ ја презентираше на македонската јавност пред неколку недели.

„Јас сум човек што сака да остварува ветувања, па она што го кажав пред неколку недели, денес конечно се исполни. Спотот за ’Пеперутки’ е готов. Многу ми е драго што овој пат решивме со мојата продукција да раскажеме една поинаква приказна, приказна која ги претставува македонските убавини, приказна во која се опишуваат многу емоции и најразлични чувства. Уште подраго ми е тоа што во спотот глуми Атанас Атанасовски, кој својата улога си ја претстави точно онака како што замислувавме“, вели Сара Мејс за нејзиниот нов видео запис за песната „Пеперутки“, кој вчера беше официјално објавен на „Јутјуб“.

Спотот е сниман низ неколку скопски села, а идејата е на режисерот Горан Костадинов, кој сака низ овој спот да ги претстави македонските убавини кој ни се толку блиску до градските гужви, а сè повеќе ги забораваме. Спотот раскажува една љубовна игра на двајца млади кои дали ќе имаат среќен крај оставаме да дознаете.

Видео записот е во продукција на „Горила филмс“ и се задоволни од резултатот, а благодарение на Министерството за култура, овој нов проект на Сара доби и субвенции.



Врати се горе ↑