5 октомври, 2015

Стигна видео записот за новата Бонд песна

Сем Смит вчера го претстави видео записот за песната „Writing’s On The Wall“, главната тема за претстојниот 24. по ред филм за тајниот агент Џејмс Бонд. Екранизацијата ја режираше Лук Монаган, кој претходно соработувал со Смит за спотот за песната „I’m Not The Only One“.

За новата Бонд песна Монаган одбрал мошне драматична атмосфера, соодветна со самиот филм „Spectre“, во кој агентот 007 уште еднаш се обидува да извлече жива глава и да го уништи непријателот, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, „Spectre“ својата премиера во Велика Британија ќе ја доживее на 26 октомври, а во кино салите ширум светот ќе се прикажува од 6 ноември. Главната улога по четврти пат му припадна на Даниел Крег, а покрај него ќе ги видиме и Кристоф Волц, Моника Белучи, Ралф Фајнс, Леа Сејду и други.

 



Врати се горе ↑