22 јануари, 2015

Стигна видео записот за „Earned It“ од филмот „50 нијанси на сиво“

Канадскиот музичар Викенд е само еден од музичарите кои дадоа свој придонес за саундтракот на филмот „50 нијанси на сиво“, чија премиера е закажана за 13 февруари. Неговата песна насловена „Earned It“ сега доби и свое видео издание во кое се појавува и главната актерка од претстојното филмско остварување, Дакота Џонсон. Интересно е тоа што видео записот е снимен под режисерската палка на Сем Тејлор Џонсон, која го режираше и самиот филм, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑