7 мај, 2015

Стигна видео записот за „Déjà Vu“ од Џорџо Мородер и Сиа

Легендарниот италијански музичар и продуцент, Џорџо Мородер го претстави видео записот за неговиот нов сингл Déjà Vu“во кој гостува австралиската хит-мејкерка Сиа.

„Притисокот е многу помал“, рекол 75-годишниот „татко на диското“ за својата колешка. „Само ѝ пратив некои снимки со одредени мелодии и две, три недели подоцна ми испрати речиси готови песни со снимени вокали и воопшто не беа лоши. Дел од мелодијата е мој, а дел нејзин. Но сето тоа заедно звучи фантастично!“, додал тој.

После  „74 Is The New 24“ и соработката со Кајли Миног – „Right Here, Right Now“, „Déjà Vu“ е уште една најава за истоимениот, 13. по ред студиски албум на Мородер, закажан за 17 јуни. Покрај соработките со познатите австралиски ѕвезди, на изданието гостуваат и имиња како што се Бритни Спирс, Мики Еко, Чарли Екс-си-екс и други.

 



Врати се горе ↑