12 декември, 2012

Стигна спотот за „Мис Атомска Бомба“ на Килерс

Бендот Килерс (The Killers)  како втор сингл кој ќе го најави нивниот четврти по ред студиски албум „Battle Born“ ја избраа песната „Miss Atomic Bomb“, чија продукција ја потпишува Стјуарт Прајс и која е најавена со интересен мини филм кој го прикажува бендот во живо и за кој беше задолжен Џорџо Тести. А сега конечно песната доби и официјален видео запис, кој е всушност референца на видеото за песната „Mr. Brightside“, првиот сингл во кариерата на бендот, претставен во 2004 година, а продолжува со приказната за „љубовниот триаголник“ во кој се вмешани фронтменот Брендон Флауерс и актерите Ерик Робертс и Изабела Мико. Режисерот и овој пат е извондредниот Тим Бартон. Погледнете ја оваа интерeсна полуанимирана приказна.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑