13 јуни, 2013

Стигна првиот сингл од Лабаво лавабо

По одличната преработка на хитот „Niggas in Paris“, составот Лабаво лавабо го претставува својот прв авторски сингл. Бендот кој постои од 2010 година и кој го сочинуваат: Бојан Филиповски (вокал, бас гитара), Виктор Филиповски (тапани), Дејан Михајловиќ (гитара) и Борислав Веселинов (саксофон), денеска ја претстави песната „Во твојата улица“ во веќе популарниот формат на текстуален видео запис, за кој се погрижија Nipple Records.

Музиката и текстот се на Бојан Филиповски, улогата на придружен вокал ја има добро познатата Нина Јанева, а гостува и Кире Бреслиев кој со звуците од својата труба дополнително ја збогати оваа одлична композиција. Уживајте со првенчето на Лабаво лавабо!



Врати се горе ↑