27 август, 2013

Стигна првиот сингл од Еминем: Слушнете ја „Berzerk“

По подолго отсуство од музичката сцена и најавите за долгоочекуваниот осми студиски албум, Еминем неодамна објави нова песна, а деновиве го искористи медиумското внимание на доделувањата на музичките видео награди на MTV, така што го искористи хаштагот #VMAs и на Твитер  го објави статусот „Погодете кој навистина се враќа?“. Значи конечно и официјално се знае дека неговото ново издание насловено „MMLP2“ (Marshall Mathers LP 2) ќе пристигне на 5-ти ноември, а во видео најавата која можете да ја видите во продолжение се прикажани слушалките Beats на Д-р Дре, кој заедно со Рик Рубин е извршен продуцент на албумот.

 

Денеска пристигна и првиот сингл кој го најавува новото издание, а во песната насловена „Berzerk“ која содржи семпл од хитот „I Love Rock n’ Roll“ од Џоан Џет, раперот го спомнува славното семејство Кардашијан и колегата Кендрик Ламар. Како звучи сето тоа можете да слушнете горе.

 



Врати се горе ↑