Аудио world_cup_2014_album_cover

9 април, 2014

Стигна официјалната химна на СП во фудбал

Темата „We Are One (Ole Ola)“  уште кон крајот на минатата година беше избрана како официјална песна за овогодишното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржува во Бразил, а автор и изведувач на песната е „неизбежниот“ Питбул, додека во меѓународната верзија гостува колешката Џенифер Лопез, како и познатата бразилска пејачка и менторка во серијалот The Voice, Клаудија Леите. Покрај бројните „протечени“ снимки на интернет (кои подоцна беа отстранети), деновиве конечно беше претставена официјална верзија на песната која можете да ја слушнете во продолжение.

 

 

Како што е наведено во оригиналното соопштение од ФИФА, во план е и официјален албум „2014 FIFA World Cup“ кој ќе биде објавен на 13 мај и на кој ќе се најдат песни од изведувачи како што се Карлос Сантана, Вајклиф Жан, Рики Мартин, Шакира и Ајзли Брадрс. 

 



Врати се горе ↑