13 август, 2013

Стигна новиот сингл од Лејди Гага: Слушнете ја „Applause“

Иако закажан за 19-ти овој месец, Лејди Гага „изнервирана“ од лошиот звук на демо снимката која „протече“ пред само неколку дена, вчера официјално го претстави својот нов сингл „Applause“Како што напиша на Твитер, и тоа со големи букви, пејачката вели „Итен случај во поп музиката! Мојот нов сингл излегува денеска!“ Синглот кој го најавува нејзиниот долгоочекуван албум „ARTPOP“ ќе биде премиерно изведен во живо на доделувањето на музичките видео награди на MTV на 25-ти август, а како звучи „Аплаузот“ на Гага можете да слушнете горе.



Врати се горе ↑