7 ноември, 2013
Стигна „Локомотивата“ на Калиопи
За новиот сингл кој симболично го означи почетокот на тековната турнеја во чии рамки го промовира актуелниот албум „Мелем“, Калиопи неодамна сними видео запис, кој деновиве ја доживеа и својата премиера. Снимањето се одвиваше на една железничка станица која за потребите на видео записот во режија на Огнен Шапковски беше преименувана во „Калиопино“, а како изгледа „Локомотивата“ на Калиопи можете да погледнете горе.