19 август, 2013

Стигна и видео записот за „Аплаузот“ на Лејди Гага

Пред неколку дена, Лејди Гага го претстави својот прв сингл од претстојниот албум „ARTPOP“, а песната „Applause“ деновиве доби и свое видео издание, кое беше премиерно прикажано со проекција на огромните екрани на њујоршкиот Тајмс Сквер во рамките на емисијата Good Morning America. За режијата на видео записот беа задолжени нејзините стари соработници, холандското фотографско дуо Инез и Винуд.

Новиот сингл ќе биде премиерно изведен во живо на јубилејното 30-то доделување на музичките видео награди на MTV, кое ќе се одржи на 25-ти овој месец во салата на Барклис центарот во Бруклин, а мултимедијалниот проект „ARTPOP“ ќе стигне на 11-ти ноември.



Врати се горе ↑