Аудио jt-jayz

14 јануари, 2013

Стигна и новата песна од Џастин Тимберлејк

Пред неколку дена, доста неочекувано, американскиот пејач, актер и директор на мрежата MySpace, Џастин Тимберлејк најави новитет, односно нов албум кој треба да излезе во текот на годинава. На неговата официјална веб страница беше поставено кратко видео и „одбројување“ кое заврши синоќа кога официјално ја претстави неговата песна „Suit & Tie“. Се потврдија и гласините за соработката со Џеј Зи, кој гостува во оваа нумера, а секако дека дел од тимот е и продуцентот Тимбаленд.

„Suit & Tie“ е прв најавен сингл и ќе се најде на неговиот трети по ред студиски соло албум, насловен „The 20/20 Experience“. Како што самиот Тимберлејк напиша во отвореното писмо до неговите фанови поставено на неговата веб страница, инспирацијата му дошла ненадејно, па во јуни минатата година тивко и без многу најави започнал да работи на неговото следно музичко патешествие. Во продолжение преслушајте ја новата песна на Џеј Ти.

 

 

 



Врати се горе ↑