Балкан foto1

12 март, 2013

Стерео Типовите завладеаја со светот

Групата Стерео Тип деновиве го завршува снимањето на видео записот за песната „Мој свет“ од истоименото долгоочекувано ЕП издание. Видео записот во режија на Младен Стојановиќ и Бојан Стевановиќ пред продуцентската куќа „Кан и Лингус“, по сценариото на Пајо Богдановиќ е во завршна фаза на монтажа и пост-продукција.

Стерео Тип овој пат се најдоа во улога на светски моќници и нивните придружници, додека некои од сцените ги дополнија статисти и пријатели на бендот. Покрај овој видео запис, чија премиера се очекува при крајот на месец март, во подготовка е и видео презентација на песната „Последњи стих“. Истовремено, ЕП изданието „Мој свет“ ќе биде достапно за бесплатно преземање од веб страната на групата.

Дел од атмосферата од вториот дел на снимањето на новиот видео запис можете да погледнете на  фан страницата на Стерео Тип на фејсбук.

 



Врати се горе ↑