Балкан Stereo-DVD foto by Stereo Tip

23 јуни, 2014

Стерео Тип најавија нов видео запис и документарен филм

Предводена од Паја Богдановиќ, српската група Стерео Тип најави дека привршуваат со видео записот за темата „Стереотип“, како и тоа дека се подготвува краток документарен филм за досегашната кариера. За видео записот за оваа песна од првиот албум, која е повторно снимена, ќе биде монтиран своевиден омаж за досегашната работа на групата и ќе го опфати целокупниот период од формирањето на групата на почетокот од 2007 година, па сè до денес. Реализацијата на видео материјалите повторно им ја доверија на продукцијата Кан и Лингус и режисерот Иван Миленковиќ.

„Стереотип“ е една од петте нумери од ЕП изданието „Мој свет“, која може бесплатно да се симне од овој линк.

Само за потсетување, видео записите за „Кандидат“, „Мој свет“ и „Јави се“ се веќе успешно претставени, додека промоцијата за екранизацијата на песната „Последњи стих“, по стиховите на Милан Б. Поповиќ, е најавена за почетокот на есента. Напоредно со видео записите, Стерео Тип ќе сними и краток документарен филм во кој фронтменот Паја Богдановиќ ќе го претстави настанувањето, развојот и бројните предизвици со кои се соочила групата во досегашната кариера. Приказната ќе биде богато документирана и со фотографии, снимки во живо, извадоци и рецензии од медиумите.

Заедно со видео записите, документарнот филм ќе се појави на ДВД изданието „Мој свет“, чие објавување се планира на есен.

 



Врати се горе ↑