17 април, 2014

Стерео Тип го претставија својот „Кандидат“ за изборите

По двата успешни видео синглови „Мој свет“ и „Јави се“, српскиот состав  Стерео Тип објави нов видео запис, а овој пат одлучија да ја екранизираат темата „Кандидат“. Покрај главните актери своја улога во видео записот имаат и актуелните српски политичари.

„Иако неодамнешните републички избори во Србија се веќе завршени, песната ’Кандидат’ не губи на актуелност бидејќи во оваа земја, за жал, изборната кампања никогаш не престанува. Текстот на песната иронично ја опишува моменталната ујдурма околу формирањето на владата, кога паѓаат сите маски и кога треба да се исполнат силните предизборни ветувања“, вели Паја Богдановиќ, фронтменот на Стерео Тип, цитирајќи дел од песната: „… а кога еднаш ќе седнам на тој трон, дури тогаш знам дека сè ќе биде по мое!“

Темата „Кандидат“ која се наоѓа на неодамна објавеното ЕП издание „Мој свет“ ( кое може бесплатно да се преземе од овој линк), доби соодветен видео запис во кој покрај Богдановиќ се појавуваат и атрактивните модели Сања Бојиќ и Теодора Томаниќ, како и тапанарката Јелена Блечиќ која исто така се појавува и во видео записот за песната „Искрено“ од Владо Георгиев. Видео записот го реализираа продукцијата Кан и Лингус и Иван Миленковиќ, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Сите песни од актуелното ЕП издание ќе добијат свои видео записи кои заедно со дополнителни материјали од настапите во живо ќе бидат сместени на ДВД издание чие објавување е планирано за на есен годинава.

 



Врати се горе ↑