5 ноември, 2013

Стенд Бај со одлична преработка на „Одведи ме“ од Ареа

Групата Стенд Бај (Stand By) која прави акустични преработки на странски и домашни хитови, деновиве ја претстави својата најнова преработка. Станува збор за песната „Одведи ме“ од Ареа, а групата составена од Ана Јаневска (вокал), Кристијан Петрушевски (перусии), Филип Исаков (соло гитара) и Никола Митески (гитара) направија одлична верзија на овој познат хит, која доби и свој видео запис. Позади комплетниот производ, покрај Стенд Бај, застануваат и „Enterprise Studio“/Валентино Скендеровски (аудио и микс) и  Марјан Гавриловски и Златко Стровјановски (режија и монтажа).

Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑