Настани Stacey-Pullen-6.7

4 септември, 2013

Стејси Пулен во петок во Сектор 909‏

Клубот Сектор 909 продолжува со петочните техно забави со странски диџеј гостувања, а по Сони Фодера, Грамофонџие, Роберт Диц и Исон, овој петок на ред е детроитска ѕвезда Стејси Пулен.

Стејси доаѓа од втората генерација на Детроит техното, растен под менторство на легендарните Дерик Меј, Хуан Аткинс и Кевин Сандерсон. Започнува активно со продукција и диџејство во раните деведесети, а во 93-та го добива и својот прв европски настап. Тој е сопственик на издавачката куќа Блек Флег, која сè уште активно работи, но својата слава Стејси ја добива најмногу поради неговите диџејски способности. Тој е исклучителен диџеј, пушта house и techno музика секој викенд веќе 20 години и има огромна енергија на секој настап. Каков стил и на музика и да пушта неговата музичка пасија веднаш се забележува, а неговата одлична диџејска техника му овозможува лесно да го освои подиумот.

 

Стејси долго време не бил во Македонија, а во петок прв пат ќе настапи во клубот Сектор 909. Како загревање пред неговиот настап ќе настапи диџеј Базел. Забавата започнува на полноќ, а влезот е 300 денари.



Врати се горе ↑