Аудио

25 мај, 2019

„Стејшн: Инермоуст“ ја претставија својата „Алтернативна реалност“

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ (Station: Innermost) во средата, на 22 мај го промовираше своето прво ЕП-издание насловено „Exposure“, а како вовед во 27-минутниот материјал на кој музичарите работеле во последниве десет месеци, беше претставен првиот сингл „Dana“. За да го одбележат пристигнувањето на новиот албум, музичарите го објавија и вториот сингл насловен „Alternatе Reality“.

Како и целиот материјал, така и оваа песна е дело на самите членови на бендот, односно на вокалистката и клавијатуристка Наташа Миха, гитаристите Дамир Пух и Стефан Петановски, басистот Дарко Фотиновски и на тапанарот Дејан Апостоловски. Првенчето на „Стејшн: Инермоуст“ е веќе пуштено во продажба во „Пола Југотон“ и онлајн на cdbaby, а како звучи нивната „Алтернативна реалност“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑