Аудио

16 мај, 2019

„Стејшн: Инермоуст“ го најави првиот албум со „Dana“

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ (Station: Innermost) следната среда, на 22 мај ќе го промовира своето прво ЕП-издание насловено „Exposure“, а како вовед во 27-минутниот материјал на кој музичарите работеле во последниве десет месеци, сега го имаме и првиот сингл „Dana“. Станува збор за авторско дело на самите членови на бендот, со стихови од вокалистката Наташа Миха, како вокалист гостува и колегата Ади Имери, а на клавијатури Дерек Шеринијан.

„За време на создавањето на овој албум запознавме пет ликови кои ни раскажаа дел од нивните животни приказни кои решивме да ги преточиме во музика и поезија. На 22 мај, во ’Винил’ ќе имате можност да доживеете возбудливо музичко патување“, порача музичката дружина составена од вокалистката и клавијатуристка Наташа Миха, гитаристите Дамир Пух и Стефан Петановски, басистот Дарко Фотиновски и тапанарот Дејан Апостоловски, а како звучи воведниот сингл од нивното првенче дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑