Видео

11 јуни, 2018

Стефанија со емотивна песна за изгубениот пријател

„I Know We’ll Meet Again“, односно „Знам дека ќе се сретнеме пак“ е новата песна на битолчанката Стефанија Милевска, чија промоција се одржа викендов во битолскиот лаунџ-бар „Центар“. Станува збор за уште едно авторско дело на мултиталентираната пејачка, чиј потпис стои и на музиката, стиховите и на аранжманот, кој и е заеднички со колегите од „Бокс продакшн“, но и на режијата на видеото што го изработи екипата на „Шут-енд-шајн“ (Shoot&Shine).

NEW MUSIC VIDEO ♪♫♬ "I KNOW WE'LL MEET AGAIN"Промоцијата на новата песна “I know we’ll meet again”, снимена во…

Gepostet von Stefanija Stefanija am Sonntag, 10. Juni 2018

 

„По двегодишна пауза од последниот видеозапис, ќе имате можност преку музиката повторно да влезете поинтимно во мојот свет. Затоа што секое видео е според моја реална животна приказна. Последното видео за ’Разбуди ме’ и пораките во него, како да го навестија тоа што ќе го опејувам во новата песна ’I Know We’ll Meet Again’. Често знам да кажам дека ништо не е случајно и овојпат ќе споменам дека загубата на близок пријател ме натера подлабоко да размислувам за другата страна и се посилно да верувам дека душата живее вечно…“, рече Стефанија најавувајќи ја новата песна.

Фотографија на Stefanija Stefanija.

„Ова е почеток на еден поинтимен пристап во музичкиот и личниот свет на Стефанија. Песната е посветена на Ѓорги Стефановски, нејзин близок пријател, кој неодамна замина на другата страна… По тој повод се искористени лични фотографии и видео-материјали, неговите уметнички слики, за целосно да се пренесе пораката за загубата на една хумана личност со огромно срце. Инспирирана од неговите животни дела, Стефанија создаде уметнички производ, кој ќе потсетува на вистинските вредности, иновативен музички призвук со интернационален видик и ќе го потврди духовното убедување дека душата на нашите загубени најблиски секогаш ќе остане со нас“, пишува во соопштението за новата песна, а како изгледа и звучи оваа емотивна песна дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑