16 март, 2017

Стефан од „Некст тајм“ ја препеа „Purple Rain“

Близнаците Стефан и Мартин од братското дуо „Некст тајм“  на големо го подготвуваат својот нов материјал. Во меѓувреме, додека чекаме да ни презентираат нешто ново и авторско, тие не застануваат да снимаат преработки, од македонски изворни песни до кавери на познати светски хитови.

Така, на својот профил на Фејсбук, Стефан деновиве ја постираше најпознатата песна од познатиот музичар Принс, легендарната „Purple Rain“, која оригинално беше снимена во 1984 година.

„Една од моите најголеми желби е да снимиме албум со најдобрите рок балади… Можеби во иднина. Никогаш не е доцна“, напиша Стефан, претставувајќи ја оваа одлична преработка, која можете да ја слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑