Аудио next-time-here-i-go-again-cover

18 ноември, 2013

Стефан од „Некст тајм“ ја препеа „Here I go again“

Во препознатлива изведба, со многу енергија и емоции, еден од најдобрите машки вокали во Македонија, Стефан од „Некст тајм“, го препеа големиот хит „Here I go again“ од „Вајтснејк“. Песната којашто пред неколку години му донесе победа на караоке во Лајф радио го донесе Стефан на естрадната сцена, а публиката сè почесто ја бара оваа изведба на настапите во живо на „Некст тајм“.

„Спојот на моќниот глас и емоциите кои што Дејвид Кaврдејл ги внесува во песната, секогаш ме оставале без зборови. Тој е еден од моите најголеми идоли, а “Here I go again” е песна со којашто пораснав. Таа стана препознатлива нумера на моите настапи, па после толку време одлучив да направам моја студиска верзија за која се надевам дека ќе им се допадне на слушателите“ – вели Стефан.

Изминатава година беше повеќе од успешна за „Некст тајм“. Имаа неколку концертни настапи во живо надвор од Македонија, а на публиката и го подарија веќе големиот хит „Светот во раце“, за кој што подготвуваат и акустична верзија што ќе излезе за Новогодишните празници како подарок за фановите.

 



Врати се горе ↑