Македонија

20 јуни, 2019

Стефан Неделковски избран за најдобар млад саксофонист на „Охридски бисери“

Младиот саксофонист Стефан Неделковски е добитник на наградата Гран-при на 18. Меѓународен музички натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ кој се одржа во Охрид. Втората и третата награда им припаднаа на музичари на труба – Стефан Георгиев и Јустас Дракшас. Исто така, беше доделена и Специјална награда од Фондацијата „Томислав Зографски“, Награда за најдобра изведба од македонски автор и Награда за најдобри македонски изведувачи.

На синоќешниот завршен концерт беа доделени 12 награди на младите музичари во три возрасни категории и седум дисциплини на дувачки инструменти. Исто така, интернационалното жири составено од врвни музички педагози ги избра добитниците на највисоките признанија на натпреварувањето. Градоначалникот Константин Георгиески на добитникот на Гран-при му врачи и посебна награда од општина Охрид.

Традиционалниот музички натпревар што се одржуваше во изминатите денови е осмислен за да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, млади музичари, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи да прераснат во професионални уметници.



Врати се горе ↑