Видео

29 јули, 2019

Стефан Манасиевиќ знае дека постоиш

„Знам дека постоиш“ е насловот на новата, трета по ред песна на Стефан Манасиевиќ, која талентираниот скопјанец ја промовира деновиве заедно со видеозапис. Станува збор за комплетно авторско дело на Иван Петровски, чиј потпис стои на музиката, стиховите и на аранжманот, а миксот и мастерот се на Горан Гешовски, додека придружните вокали ги отпеа Полина Тасева.

Сето тоа визуелно го заокружи Христина Трајкоска, а покрај Стефан се појавува и танчерката Стефани Пецалевска, како и танчерите од „Битрикс кру“.

Знам дека постоиш, безгрижно чекориш. Низ време патуваш, спомени пишуваш“, пее Манасиевиќ во новата песна, која доаѓа по првенчето „Твојот свет мистерија“ и „Птицо одлетај“, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑