Македонија

2 јули, 2019

Стефан Додевски потпиша за издавачката куќа на „Ламберџек“

Македонскиот продуцент Стефан Додевски (Stephan Dodevsky) стана дел од издавачката куќа „Бај нау рекордс“ (Buy Now Records), која е во сопственост на познатото француско дуо во светот на електронската музика – „Ламберџек“ (Lumberjack).

Изданието на Стефан ќе се состои од две песни кои се следбеници на неговото претходно издание „Party Bombs“, кое достигна голем успех и беше поддржано од светскиот суперстар Дон Дијабло, како и други познати диџеи и продуценти, односно „Ламберџек“, „Риспон“ (R3SPAWN), Сергеј Смајл и други.

 

Новото издание на Стефан за „Бај нау рекордс“ ќе биде објавено во месец септември или октомври оваа година, а дотогаш можете да го следите на неговите профили на  Фејсбук,  Саундклауд и на Инстаграм.



Врати се горе ↑