Аудио

18 јуни, 2016

Стефан Давидовски ја претстави студиската верзија на макфестовската „Што ќе ми е друга“

Талентираниот пејач Стефан Давидовски, кој публиката најдобро го знае по учеството во првото македонско музичко реално шоу На иста адреса“, годинава настапи на 31. издание на фестивалот на забавни мелодии Макфест 2016“, кое се одржа од 2 до 4 јуни во Штип. Давидовски настапи во рамките на првата полуфинална вечер со композицијата „Што ќе ми е друга“, со која успеа да се пласира и во финалето, но за жал не освои ниту една награда.

Оваа одлична макфестовска балада е комплетно авторско дело на штипскиот музичар Илија Ќосевски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот, а миксот и мастерингот ги направи Валентино Скендеровски. Снимена е во студиото „М2“ на МРТВ со Ревискиот оркестар на МРТВ, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Како звучи студиската верзија на „Што ќе ми е друга“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑