4 јуни, 2014

„Stay With Me“ на Сем Смит во дует со Мери Џеј Блајџ

Младиот британски музичар Сем Смит и неговиот деби албум „In The Lonely Hour“ минатиот викенд дебитираа на самиот врв на официјалната британска листа на албуми, а талентираниот вокалист деновиве претстави уште една сосема нова верзија на својот сингл „Stay With Me“, во која гостува познатата американска пејачка Мери Џеј Блајџ. Новата верзија на песната, во која во рефренот гостува и госпел хор, можете да ја слушнете и видите горе.

И двата музичари не го криеле задоволството од оваа соработка, за која Блајџ изјавила: „Многу сум почестена што имав можност да соработувам со Сем Смит. Тој има вистински соул вокал, прв за кој сум слушнала по имињата како што се Лутер Вандрос, Фреди Џексон и сите тие големи машки соул вокали од осумдесеттите години. Воодушевена сум од неговиот талент, чувството за соул музика и неговата искреност.“



Врати се горе ↑