Настани 970572_146810005519746_1953142788_n

2 август, 2013

Стартува четвртото издание на грандиозниот GREEN BEACH‏

Вечерва, на 2-ри август, на плажата Парк во Охрид нѐ очекува четвртото издание на грандиозниот Green Beach фестивал, кое е повторно подготвено за исклучително фестивалско искуство на сите вљубеници во електронската музика. Green Beach Festival и обалата на плажата Парк во Охрид веќе три години по ред е вистинско одредиште за сите кои се желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи, а на наше особено задоволство, фестивалот и годинава ја продолжува оваа традиција. По грандиозните настапи на Пол Ван Дајк на првото издание и ланската кулминација со Армин Ван Бјурен, годинава Green Beach Festival 4 ви го претставува пионерот на транс музиката ФЕРИ КОРСТЕН и сензационалниот РОЏЕР САНЧЕЗ, амбасадорот на денс музиката и еден од најуспешните артисти на електронската музичка сцена, чии настапи се гаранција дека ова издание на фестивалот ќе ја одбележи најдобрата електро-денс забава годинава.

Греми наградуваниот продуцент и диџеј Роџер Санчез е едно од водечките светски имиња во хаус музиката, кој го ужива статусот на господар на жанрот, додека пак настапот на денс револуционерот Фери Корстен на Green Beach ќе биде единствен негов настап на Балканот оваа година. Подготвувајќи се за настапот Green Beach фестивалот, елитните диџеи одвоија време и за македонската публика испратија посебен видео поздрав, најавувајќи ја експлозивната Green Beach вечер на 02. Август, а видеата можете да ги погледнете во продолжение. 

 

Годинава веќе започна со повеќе незаборавни музички настани одржани во знакот на славеничката година на Таксират 15, а во иницијативата ова издание на Green Beach да остане запаметено како најдоброто до сега, се вклучи и Таксират кој својот роденден ќе го прослави и на плажата Парк во Охрид. Со цел фестивалот да го надмине својот рекорд на посетеност и повеќе од 10.000 посетители да бидат дел од овој електро-денс спектакл, Green Beach и Таксират 15, по распродадениот прв контингент на промо влезниците, обезбедија нова количина славенички Green Beach влезници кои се достапни по промотивнате цена од 500 денари, сѐ до денот на фестивалот. Сите оние кои сакаат да бидат дел од најквалитетното електро случување кај нас, ги советуваме да побрзаат за да ја искористат оваа идеална прилика за да го осигураат своето присуство на најдобрата летна забава кај нас. Билетите кои ќе се продаваат на билетарата на влезот на Green Beach фестивал во петок, ќе чинат 650 денари.

Влезниците за Green Beach фестивалот се достапни во продажната мрежа на МКтикетс (Скопје – Југотон (ГТЦ, прв кат); Охрид – ZZ Top, New Tobacoo) и продажните салони на One во Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, Веро Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

 

Еве ги и последните детали пред стартот на Green Beach Festival 2013:

1. Ве молиме и ви препорачуваме да ги оставите вашите возила дома, поради очекуваниот метеж и ограничените можности за паркинг на плажата Парк.

2. Наместо на тревник, подобро е да си земете такси кое ќе ве однесе до самиот влез, а при тоа и слободно ќе уживате во фестивалската журка без притисокот дека не смеете да конзумирате алкохол доколку возите.

3. Доколку дојдете со приватно возило ќе морате да се снајдете за паркинг на 500 метри од влезот на Green Beach Festival.

4. Ве молиме доаѓајте навремено, затоа што вратите на фестивалот ќе се отворат во 20:00 часот, а во исто време почнува и загревањето со резидент диџеите на Green Beach.

5. Музичката програма на фестивалот почнува во 21:00 часот, по следниов редослед на настапи: Resident DJ’s ICEBERG & LEPHONQ; ROGER SANCHEZ; FERRY CORSTEN; Resident DJ’s ICEBERG & LEPHONQ.

7. Билетите ќе се продаваат на пунктот пред официјалниот влез на плажа Парк по цена од 650 денари.

8. На Green Beach Festival забрането е внесување на храна, пијалоци, професионална опрема за снимање.

9. За влез на фестивалот ќе бидат во функција 2 влеза:

– 1 ВИП (од страната на влезот на дискотека Парк, наменет само за тие со ВИП влезници) и

– 1 регуларeн влез (на средина на плажата Парк)

10. Ви посакуваме убав помин на четвртото издание на фестивалот GREEN BEACH.

 

Конечно, се гледаме на GREEN BEACH 4!



Врати се горе ↑