Настани vesna2

23 октомври, 2012

Stand up кабаре со Весна Вејби во Џубокс‏

Првата дама на македонската stand up комедија повторно настапува во Џубокс!Оваа среда (24 октомври во 22h) неповторливата Весна Петрушевска ќе ја отвори новата stand up comedy сезона во ноќниот клуб Џубокс. Единствената жена меѓу македонските стенд ап комичари подготви кабаре со сочни муабети, музички парчиња, возбудлива женска перспектива и хумор без лицемерие и цензура.
Секогаш актуелниот и провокативен хумор збогатен со песните снимени и продуцирани во „Парамециум Студио“ кај браќата Тавитјан е гаранција за богата сесија смеење, па не е никакво изненадување што секаде низ Македонија настапите на Весна Бејби се распродадени до последно место. За да не ја пропуштат оваа средба во живо заинтересираните може да си резервираат место на 077 593 867 или 075 522 799.По стенд ап кабарето забавата во Џубокс продолжува со свирка на Eye Cue.


Врати се горе ↑