Балкан 1380710_652731824751706_1553986136_n

27 септември, 2013

Српското рок трио Бриганд го објави својот деби албум

Српскиот рок состав Бриганд неодамна го претставија своето албумско првенче, а изданието насловено „Заплешимо Грешници“ е издадено под етикетата на Black Planet Records. Панчевско-белградското рок трио предводено од  Велибор Николиќ, заедно со Илија Којовиќ на бас и Иван Перовиќ на тапани, својот прв албум го снимаше во текот на оваа пролет во Underground Sound Factory, а продукцијата ја потпишува Марко Јовановиќ Артур.

Изданието содржи десет песни, а интересно е тоа американската музичарка Џарбо (Jarboe), која е поранешна пејачка и клавијатурстка на култната њујоршка група Свонс (Swans) гостува во песната која го затвора албумот насловена „Три ноќи“. За темата „Волео сам те“ е снимен и видео запис, а наскоро се очекува и концертна промоција на новиот материјал.

 Албумот можете да го преслушате на следниот линк.

 



Врати се горе ↑