Балкан

3 мај, 2017

Српските панкери „С.У.С.“ го објавија вториот албум „Слепи путник“

Белградските панк-ен-ролери „С.У.С.“ го претставија долгоочекуваниот втор албум насловен „Слепи путник“, кој е објавен дигитално под етикетата „Одличан хрчак“. Новото издание е составено од 10 песни, секоја од нив со посебна приказна, споделувајќи го со слушателите искуството на еден „патник без карта“, кој на тој пат се нашол сам, без никаква шанса да успее. Но не се откажува! Се упатил кон некој подобар свет за кој не се знае ни дали постои!

 

Некои од песните се негово мислење за политиката и луѓето што го заморуваат и кои имаат совети и планови за него. Други, пак, се негови љубовни проблеми, трети приказни за неговите соседи, но најважното нешто е што тој патник, всушност, сме сите ние!

Aлбумот е достапен на DEEZER, а наскоро ќе биде објавен и на винил.

„Слепиот патник“ беше најавен со видео сингловите „Ја путујем“ и „За твоје добро“, кои со својот став и необични теми веќе привлекоа големо внимание, а бендот допрва го очекуваат концертни промоции низ регионот и пошироко.

 

С.У.С. – Слепи путник
01. Химне
02. Последњи пут
03. Пас који није твој
04. Сам
05. Судбина
06. Ја путујем
07. Писмо, глава
08. Истина
09. Ни они ни ти
10. За твоје добро

5f14c32c-5b98-4223-9509-235fd85d9811

Следете ги „С.У.С“ на:
www.facebook.com/susroll
www.youtube.com/susnroll
www.reverbation.com/susnroll



Врати се горе ↑