Настани pookie&groovyman

7 јануари, 2014

Српските диџеи Пуки и Грувимен во четврток во XO

Најпрепознатливите српски диџеи кои се стекнаа и со светска репутација, Пуки и Грувимен, овој четврток ( 9-ти јануари) ќе ја забавуваат публиката во клубот ХО  во центарот на Скопје. Back to Basic е темата на забавата во клубот која ќе биде исполнета со  сензуален звук и фанки ритам кој ќе произлезе од миксетите на овие два артисти.

Игор Пуљиќ – Pookie, неодамна стана дел од семејството Nocturnal Groove  во Велика Британија – продуцентска куќа основана од страна на Шејпшифтерс, а неговата музичката моќ е широко признаена. Публиката го препознава по саундракот за Big Brother Србија кој го изработи заедно со Марко Миличевиќ – Gramophonedzie, а познат е по работата со Дејв Флојд со кој заедно соработуваат со The Shapeshifters, Cedric Gervais, Yousef, Delicious, Stephen M, Greg Stainer и Alex Miles. Со оглед на неговите одлични диџејски вештини и беспрекорни миксови Шејпшифтерс го побараа Пуки  да пушта музика со нив на сите нивни Источно Европски шоуа.

Што се однесува пак до Groovyman кој е поранешен член на  Грамофонџие, неговите настапи секогаш се генератор на позитивна енергија. Неговиот најнов ремикс што го направи за насловната нумета на хит филмот „Монтевидео, Бог те видео“ потврдува дека неговата кариера се движи во нагорна линија. Соработката со словенечкиот артист Мањифико го понесе кон освојување на светските топ листи, а оваа година можеме да очекуваме и нови авторски песни од него во сличен стил.

Забавата во ХО со ове два исклучителни диџеи  ќе започне на полноќ, а влезниците чинат 150 денари.



Врати се горе ↑