Балкан teabreak_bandpromo2013_dragantodorovic

8 октомври, 2013

Српскиот состав TEA BREAK објави двојно ЕП издание

Белградскиот панк рок состав TEA BREAK објави две ЕП изданија насловени „Killing Words“ и „Handfull of Misery“ и по успешниот сингл „Killing Words“ во кој гостува Коца, пејачот на бендот Дебели Прецједник, составот ги здружи силите со магазинот Nocturne, на чија страна можат бесплатно да се симнат новите материјали.

На прашањето зошто две ЕП изданија одеднаш, басистот на овој состав, Младен Томашевиќ објаснува: „Одговорот е многу едноставен, едното издание го стигна другото, па дојдовме до логичното решение да објавиме двојно ЕП, две различни целини кои добро одат заедно. „Handfull of Misery“ е снимен одамна, но едноставно мораше да ја почека промоцијата на лајв албумот и ете на крајот дочека и сосема нови песни. На некој начин потсетува на „Б страна“ на изданието бидејќи на него се наоѓаат постари песни на кои малку им го променивме аранжманот и повторно ги снимивме, со оглед на тоа што не бевме задоволни од претходните демо верзии. Исто така, тука е и насловната песна која е направена подоцна, па не би можела да се најде на претходниот албум. „Killing Words“ е потполно ново издание со кое многу се гордееме. Прв пат имаме нови песни кои се снимени и објавени, а никогаш порано не сме ги изведувале во живо. На ЕП изданието го имаме и многу драгиот гостин Коца (фронтменот на Дебели Прецједник), кој ни помогна насловната тема да биде хит и да функционира на просторот од поранешна Југославија, а за прв пат имаме и една сосема акустична песна на изданието.“

Двете ЕП изданија можете да ги симнете ако се упатите на долунаведените линкови, а во продолжение слушнете го и насловниот сингл „Killing Words“.

TEA BREAK – KILLING WORDS (EP, 2013, NOCTURNE MAGAZINE)
TEA BREAK – HANDFUL OF MISERY (EP, 2013, NOCTURNE MAGAZINE)

 



Врати се горе ↑