Настани 1170766_10151782034411558_1322920313_n

12 август, 2013

Српскиот состав „Ничим изазван“ за прв пат во Хавана

На 22 август, со почеток точно на полноќ ќе се запознаеме со уште еден бенд кој продуцира звуци интересни за сечие уво. Бендот „Ничим изазван е формиран во 2011 годинa, а карактеристично е тоа што делата кои ги продуцираат се со крајно искрени текстови инспирирани од љубовта, животот, внатрешните дилеми, проблеми и секојдневието кое се крие позади баналноста која не опкружува.

Нивната музика претставува фузија од разновидни ритмови од валцер, танго, преку латино, до фанк и рок ритмови, со мала доза на флерт и со панкот. Големиот број акустични инструменти придонесуваат за создавање на еден интересен архаичен звук. Со нивниот прв сингл „О теби“ направија вистински бум на алтернативната музичка сцена во Србија.

Картите за концертот се по цена од 150 денари со конзумација. По нивниот концертен настап, публиката ќе продолжи да се забавува со диџеј сет на Шурбе.



Врати се горе ↑