Аудио trigger ft Milutin Jovancic novi singl

21 октомври, 2013

Српскиот метал бенд „Тригер“ објави нов сингл

Српскиот метал бенд „Тригер“ (Trigger) го објави својот нов сингл насловен „Понор“ во кој како специјален гостин се појавува Милутин Јованчиќ, пејачот на групата „Блок аут. Оваа деветминутна песна обединува тешки гитарски рифови со мрачната атмосфера со која публиката го поврзува вокалот на фронтменот на овој култен белградски состав. Новиот албум на „Тригер“ ќе биде најавен со низа синглови во кои како музички гости ќе се појавуваат колеги и пријатели на бендот. Иако песната „Понор“ првично не беше планирана како втор сингл кој ќе го наследи „Не храни људождере“, членовите на составот одлучија токму таа тема да ја споделат со публиката и на нивните слушатели да им дадат појасна слика за албумот кој го привршуваат. „Тригер“ се многу благодарни што Милутин го дал својот придонес за лирската содржина и атмосферата на новата песна да се пренесат на најдобар можен начин.

„Песната ’Понор’ е клучна и последна песна на претстојниот албум, а го претставува и можеби најдоброто музичко парче коешто сме го објавиле до сега.“ – вели авторот на песната Душан Свилокос, кој е гитарист на бендот, додавајќи: „Комбинацијата од тврда музичка подлога и сензибилитетот на нашиот вокал Милена Бранковиќ е тоа што го дефинира нашиот звук. Имавме идеја да доведеме некој машки вокал како гостин, бидејќи сметавме дека тој дополнително би ја засилил драмата која е присутна во оваа песна, како контраст на нејзиниот глас. Потајно се надевавме дека песната би можела да му се допадне на Милутин, бидејќи неговиот глас го слушавме тука од самиот почеток, веројатно затоа што во песната постоеше дел од атмосферара која е нераскинливо поврзана со него и неговиот бенд со кој остави неизбришлива трага. На наша голема среќа, тој се согласи, па така и оваа соработка ја здогледа светлината на денот. Се надеваме дека и на фановите на Блок Аут ќе им биде интересно да го слушнат неговиот глас во поинаков музички контекст.“

За групата „Тригер“ ова ќе биде трет студиски албум и прв со авторски материјал кој ќе го наследи првенецот „Љубав“, издаден во 2008 година за ПГП РТС и кој доби одлични критики и неколку музички награди. Нивниот втор албум „Екс“ привлече големо внимание со необичните преработки на песни настанаи во осумдесеттите години на просторите од поранешна Југославија.

 



Врати се горе ↑