Балкан 10414859_10152378422672239_8385755838588665050_n

21 јули, 2014

Српскиот бенд „Стиптик“ го објави својот деби албум

Српскиот танго метал состав „Стиптик“ (STYPTIC) во саботата (19 јули) го објави својот прв студиски албум „Noesis“, на кој се најдоа 11 авторски песни. Албумот во дигитален формат е достапен за бесплатно преземање преку независната издавачка куќа Black Planet Records, додека ЦД изданието ќе се појави во продажба за неколку месеци, под етикетата на издавачката куќа „Miner Records. „Noesis“ е снимен во студијата „Underground“ и „Devotion Studios“ во Белград, а како продуцент на албумот се потпишува Марко Живановиќ (Devotion Studios).

Во текот на својата повеќегодишна работа, бендот „Стиптик“ објавил две самостојни ЕП изданија, еден сингл и неколку видео записи, а позади себе има и голем број настапи ширум Србија. Поради специфичноста на музичкиот израз, како и поради песните на англиски јазик, Стиптик стекна одреден број почитувачи и надвор од границите на Србија, па како што велат од бендот, во следниот период имаат за цел да се посветат на промоција на својата музика и во странство. Во меѓувреме активно работат и на материјалот за следниот албум. Во наредните месеци, покрај цеде изданието на „Noesis“, од „Стиптик“ ќе може да се очекува и еден нов сингл, видео запис за некои од песните на актуелниот албум, како и концертна сезона чиј почеток е закажан за октомври годинава.

Повеќе информации за бендот „Стиптик“ можете да најдете на нивната фан страница на Фејсбук, а можете да ги следите и на YouTube, како и на социјалните мрежи Twitter, My Space и ReverbNation. Во подготовка е и официјалната веб страна на бендот, www.stypticband.com.



Врати се горе ↑