Аудио 1459319_10151923132197239_1397444601_n

20 ноември, 2013

Српскиот бенд „Стиптик“ го најави деби албумот со „Someone Inside“

Српскиот танго метал состав „Стиптик“ (STYPTIC) после десет години работа, конечно е подготвен да го објави својот деби албум. По двата успешни ЕП изданија и неколку синглови, нивното првенче насловено „Noesis“ кое содржи 11 нумери, ќе пристигне во текот следните неколку месеци. Промоцијата на материјалот од ова деби издание ќе започне на крајот на месецов и тоа во изменет состав. Позицијата на пејач ја презеде младиот Илија Медар, додека новитет во составот се клавијатурите и семпловите за кои ќе биде задолжен Владимир Поповиќ Поп.

Нивната зимска турнеја ќе трае до крајот на јануари следната година, а ќе опфати повеќе градови низ Србија, по што ќе следи кратка пауза од настапи со цел да се промовира „Noesis“ и да се снима нов материјал. Денеска пристигна и првиот сингл насловен „Someone Inside“, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑