Балкан 16641043_1423333517691529_4181982158571452445_n

26 февруари, 2017

Српскиот бенд „Бриганд“ со албум за „изгубените“ генерации од осумдесеттите

Српскиот алтернативен бенд „Бриганд“ го претстави својот втор студиски албум насловен „Далеко је Вавилон“, објавен за етикетата „Блек планет рекордс“. Изданието содржи 11 нови песни, чиј продуцент е Стефан Гаќеша.

Плочата претставува мешавина од веќе добро познатите влијанија на бендот, со некои нови напливи и аранжмански решенија. Текстуално, тоа е гласот на „изгубените“ генерации од осумдесеттите, со примарно човечки и емоционални теми.

15349642_1355708151120733_6144209029279226492_n

Албумот е достапен за бесплатно преземање на интернет, како и во физичка варијанта. Списокот на песни е следниот:

1. Мост је прешао реку

2. Право па десно

3. Далеко је Вавилон

4. Слобода у твоијм очима

5. Кардио

6. Сунце од крви

7. Вашингтонова улица

8. Духови

9. Богомољка

10. Неречено

11. Центурион

Бендот веќе има закажно и неколку настапи во чии рамки ќе го промовира новиот албум, а првиот од нив ќе се одржи на 31 март во Нови Сад, на 22 април ќе настапат во Крагуевац, а на 6 мај во Белград.



Врати се горе ↑