Балкан 582450_152418634910558_215328187_n

9 февруари, 2013

Српската „Ријана“ на Беосонг со песна од Скај Виклер

Дана Гашиќ, која се прослави во шоуто „Јас имам талент“ и нејзините другарки Анџела Вујовиќ и Ксенија Кнежевиќ посакале да се пријават за претстојниот фестивал Беосонг, на кој ќе се избере српскиот претставник за Евровизија 2013. Пронашле автор кој им напишал песна и на општо изнанедување успеале да се најдат меѓу петнаесетте потенцијални евровизиски кандидати.

310662 zabbeosong1 f Srpska Rijana sa pesmom Skaja Viklera na „Beosongu“

„Анџела и Ксенија се моите најдобри другарки, со нив практично и започнав да пеам. Трите дојдовме до идејата дека сакаме да се пријавиме на Беосонг и баравме некој кој ќе ни напише песна. Така дојдовме до Скај Виклер. Воопшто не го знаевме од порано, но успеавме да го наговориме за нас да ја напише песната „Магија“ и аплициравме. Не ни падна на памет дека можеме да пројдеме бидејќи имаше толку многу феноменални пејачи и ете сега славиме“ – изјавила српската „Ријана“, која јавноста ја запозна во шоуто „Јас имам талент“, каде што следната недела ќе се бори за влез во финалето.

Извор: Blic.rs

 



Врати се горе ↑