Концерт legende

28 април, 2014

Српската група Легенде со концерт во Скопје

Познатата српска група Легенде на 21 мај ќе одржи концерт во Универзална сала во Скопје. Шестчлениот состав основан во далечната 1988 година во својата долгогодишна кариера има објавено 17 студиски албуми и едно издание со најголемите хитови, а одржале и преку 1400 концерти ширум Балканот, повеќе европски земји, како и САД, Канада и Австралија.

Билетите за концертот ќе чинат 700 денари, а ќе можат да се набават на касата во Универзална сала, во Камарад, Розе Веро 2 и Југотон. Повеќе информации за настанот ќе бидат соопштени на прес конференцијата која ќе се одржи десетина дена или една седмица пред самиот концерт кој е во организација на продукцијата „Сил-Вла“.

 



Врати се горе ↑