Балкан 10262270_454756924724548_7062618375610041246_n

16 март, 2016

Српската евровизиска песна со порака против насилството

Општествените промени се случуваат секојдневно ширум целиот свет, а уметноста е секогаш одличен начин да се испрати порака за чувствителните теми, кои често знаат да бидат и табу. Исклучок не е ниту евровизиската сцена, на која во последно време сè почесто слушаме песни со историски и општествени теми. На таков чекор годинава се одлучи и претставничката на Србија, пејачката Сања Вучиќ од групата „ЗАА“, која боите на својата земја ќе ги брани со темата „Иза осмеха“, односно „Goodbye (Shelter)“.

„Пред сè, многу сум благодарна за огромната поддршка што ја добив за време на ова мое патешествие. Навистина се надевам дека ќе Ви се допадне оваа песна и дека ќе ја препознаете онаа мошне трогателна емоција што сакавме да ја изразиме преку неа. Првичната идеја беше да направиме луѓето да ја почувствуваат моќта на песната и да размислат за нејзината порака“, изјавила Сања по премиерното претставување на песната.

sanja

„Насилството во каква било форма е неприфатливо за мене. Оваа песна е за деструктивната љубов, која во одреден момент преминува во психичко и физичко насилство. Би сакала луѓето да ја препознаат и да почнат да размислуваат на оваа тема. Не треба да ги затвораат очите. Треба да реагираат и да направат нешто. Сите ние мораме да го пронајдеме спасителот во нас. Најважно е да ја препознаеме силата што ја имаме како човечки суштества, силата која носи љубов и мир“, додаде Ивана Питерс, која се потпишува како автор на оваа песна.

На официјалната евровизиска премиера, Ивана ги претстави двете верзии – на српски и на англиски јазик, но веќе е одлучено во мај да настапи со англиската верзија на песната. Исто како и нашата претставничка Калиопи, Сања ќе настапи во втората полуфинална вечер, а како звучат двете варијанти на „Иза осмеха“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑