Свет Tina-Turner-001-1920x1200

26 ноември, 2012

Среќен роденден Тина Тарнер!

Денеска, 26-ти ноември, легендарната пејачка Тина Тарнер го слави нејзиниот 73-ти роденден. Пејачката чие вистинско име е Ана Ме Булок, е родена на денешен ден во 1939 година во Тенеси, САД. Кариерата ја започна уште како млада девојка, а во 1956 година се запозна со Ајк Тарнер кој прво беше нејзин ментор и пријател, а подоцна и нејзин сопруг.

Пејачката со карактеристичен глас во 2009 година прослави половина век музичка кариера, која ја означи со турнеја, деветта по ред во педесетте години активност на музичката сцена. Низ годините Тарнер има објавено 9 студиски албуми, три албуми во живо, како и пет компилации од најголемите хитови. Таа како и многу нејзини колеги, се појавуваше и во филмови и телевизиски серии играјќи се себеси, но играше улога и во „Лудиот Макс“ во 1985 година.

Наградувана е повеќе пати и тоа за најдобра соул и Р’н’Б пејачка, најдобра поп/рок пејачка, а наградувани се и нејзините албуми, како и песните „Proud Mary“, „What’s Love Got To Do With It“ и други, а добитничка е на 8 Греми награди. Во продолжение во изведбите на неколку од нејзините најголеми хитови.



Врати се горе ↑