Свет rihanna-by-terry-richardson-6

20 февруари, 2013

Среќен роденден Ријана!

Познатата пејачка од Барбадос денеска го слави 25-тиот роденден. Ријана се појави на музичката сцена во 2005 година, кога со нејзиниот прв сингл „Pon The Replay“ го освои светот. Она што секогаш привлекува големо внимание кај неа е честото менување на имиџот, како и стилот на музика, а често главна тема во медиумите е и нејзината нестабилна врска со колегата Крис Браун, со кој имаат снимено 3 дуети.

Во нејзината досегашна кариера таа има издадено 7 студиски албуми и бројни синглови кои редовно котираат високо на светските топ листи. Последниот албум насловен „Unapologetic“ го издаде на 19-ти ноември минатата година, сè уште е актуелен најавниот сингл на ова издание „Diamonds“, а светската турнеја на која ќе го промовира новиот материјал е закажана за годинава. За разни музички награди и признанија таа е номинирана 507 пати, а наградена е со 221 награда, од кои 7 се Греми награди.

Среќен роденден Ријана!

 



Врати се горе ↑