Свет pitbull

15 јануари, 2013

Среќен роденден Питбул!

На денешен ден во 1981 година е роден Армандо Кристиан Перез, познат по неговото сценско име Питбул. Тој а американски рапер, текстописец, актер и продуцент. Роден е во Мајами, Флорида, а на почетокот на неговата кариера како рапер се соочува со проблеми бидејќи е бел, има сини очи и е Кубанец.

За изборот на неговото сценско име, објаснува дека за него питбулот е куче кое гризи за да завладее и да го добие она што го сака, а токму таа раса била забранета во Дејд Каунти бидејќи таквото куче е премногу глупаво и тврдоглаво за да попушти. Питбул се препознава себе си во тоа куче, па затоа решил да го земе ова име како свое уметничко.

Ја започнува својата кариера во 2002 година, а во 2004 година го издава својот деби  албум  насловен „M.I.A.M.I“ скратено од „Money Is A Major Issue“, под ТВТ продукција. Набрзо потоа  издава уште три други албуми, а неговиот хит сингл „I Know You Want Me (Calle Ocho)“ со кој се прослави ширум светот, се наоѓа на „Rebelution“, издаден во 2009 година. Неговиот најнов албум „Global Warming“, кој е негов седми по ред студиски албум, го издаде минатата 2012 година.

Покрај „I Know You Want Me“, во изминатите неколку години Питбул е актуелен со соработките со Џенифер Лопез, Шакира, Ашер, Крис Браун, Ни-Јо, Кристина Агилера, Марк Ентони, Енрике Иглесијас и многу други.

Денеска Питбул полни 32 години. Му посакуваме среќен роденден и уште многу хитови!

 

 

 

 



Врати се горе ↑